Живот
5. December 2017 - 22:28

Едноставен трик како да ги отстраните масните дамки од облеката

Секоја домаќинка се соочила со проблем на отстранување на масни флеки од облека, а овој трик ќе ви помогне лесно и брзо да се решите од нив.

Ви треба само сјај за садови и оцет. Со оваа мешавина дури и флеките од вино и маснотии може да ги отстраните додека трепнете.

1. Помешајте сјај за садови со вода во однос 3:1.

2. Мешавината нанесете ја на флеката.

3. Втријте ја додека флеките не исчезнат.

4. Потоа парчето облека потопете го во оцет, па ставете го во машина за перење.

За подетално објаснување, погледнете го видеото.