Едномесечна забрана за движење на дел од планината Бистра
– Националниот парк „Маврово“ воведе едномесечна забрана за движење на посетители по делови од планината Бистра. Ограниченото движење е заради спроведување планирани активности.
Управата на НП „Маврово“ со соопштение до јавноста посочи дека забраната за движење на посетители се однесува на локалитетите Карбула, Меденица, Говедарник, Голем Брзовец, Мал Брзовец и Ќурков Дол.
– Се забранува движење на посетители во периодот од 21 октомври 2022 до 20 ноември 2022 година. Во наведениот период управата на паркот има обврска да спроведе планирани активности според планирани документи, стои во известувањето.
Од НП „Маврово“ упатуваат апел за доследно почитување на забраната и наведуваат дека оваа мерка е во согласност со управувањето со строго заштитени подрачја која предвидува ограничувања или посетителите да имаат посебна дозвола за движење.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат