-->
-->
Едно лице загина при напад со нож во Париз, напаѓачот е убиен, а ИД ја презеде одговорноста
-->

- Едно лице загина синоќа при напад со нож во центарот на Париз. Напаѓачот е убиен од страна на француската полиција. Терористичката организација Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за нападот.
Француските медиуми јавија, повикувајќи се на анонимни полициски извори, дека при нападот се повредени седум лица, од кои двајца се во критична состојба. Француската полиција соопшти дека се повредени четири лица.
Новинска агенција, блиска до ИД, објави дека осомничениот напаѓач од Париз е „еден од нивните војници“.
Очевидци посочиле дека при нападот, напаѓачот извикувал „Алах екбер“ (Бог е голем).
Засега не е познат идентитетот на напаѓачот, како ни мотивот за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
