Едно лице загина на патот Гевгелија-Богданци
Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Во сообраќајката учествувале четири патнички возила, соопшти портпаролката на СВР Струмица, Алекснадра Трајанова.
-Во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на регионален пат Гевгелија - Богданци се случила сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила - две марка "мерцедес", "опел корса" и "хјундаи". Во несреќата на самото место починал возач на едно од возилата. Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гевгелија, изјави Трајанова.
Според известувањето од Регионалниот центар на ЦУК-Струмица, патот бил затворен, а сообраќајот се пренасочувал преку селото Богородица.
На местото на несреќата биле излезени и ТППЕ Гевгелија со едно против - пожарно возило и тројца пожарникари.
Ново на Сител
-
Александар Димков, менаџер на Конти: Јасен беше ризикот, некои добија, некои изгубија
-
До крајот на денов сончево со мала до умерена локална облачност, среда и петок дожд
-
Изгоре товарно возило кај Струмица
-
Одбележување на Европскиот ден на органодонорството
-
Без вода корисниците од повеќе улици во Скопје
-
За една година САД потрошиле рекордни 17,9 милијарди долари за воена помош за Израел
-
Загина поранешен фудбалер во поплавите во БиХ, пронајден гушнат со сопругата
-
Леброн и Брони Џејмс за првпат излегоа на теренот во исто време на претсезонски натпревар во НБА