Едно лице загина, 4 повредени во експлозија во Хрватска
Во Хрватска,во градот Книн синоќа дошло до експлозија во зграда.Четворица се ранети,а едно лице загина.
Во 23.01 часот полицијата соопшти дека добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загинало, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош“.
Како што соопшти полицијата, експлозијата се случила на забава на која присуствувале млади луѓе. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник. Потоа, полицијата додаде дека, експлодирала рачна граната М-75.
„Врз основа на пронајдените траги на местото на настанот, увидната екипа и полициските службеници за заштита од експлозија утврдиле дека експлозијата била предизвикана од рачна бомба М-75. Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Ново на Сител
-
Едно лице загина, 4 повредени во експлозија во Хрватска
-
Централен настан на ОБСЕ - „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“
-
Премиерот Мицкоски на отворање нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани
-
На КОП29 во Азербејџан постигнат договор за обезбедување 300 милијарди долари годишно за посиромашните земји за справување со климатските промени
-
Украинска армија: Уништени повеќе од десет руски дронови кои во текот на ноќта го нападнаа Киев
-
Претседателски избори во Романија
-
Ведро и многу студено
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ