Едно лице загина, 4 повредени во експлозија во Хрватска
Во Хрватска,во градот Книн синоќа дошло до експлозија во зграда.Четворица се ранети,а едно лице загина.
Во 23.01 часот полицијата соопшти дека добила дојава дека во станбена зграда во Книн се случила експлозија на неутврдена експлозивна направа, во која едно лице загинало, а четири лица се повредени и итно пренесени во болница. На местото на настанот се испратени сите служби за итна помош“.
Како што соопшти полицијата, експлозијата се случила на забава на која присуствувале млади луѓе. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник. Потоа, полицијата додаде дека, експлодирала рачна граната М-75.
Врз основа на пронајдените траги на местото на настанот, увидната екипа и полициските службеници за заштита од експлозија утврдиле дека експлозијата била предизвикана од рачна бомба М-75. Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.
Ново на Сител
-
Студено утро со температури и до минус 11 степени
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата