Едно лице повредено во синоќешното невреме во Скопје
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција информира дека во синоќешното невреме кое го зафати главниот град е повредено едно лице и оти се предизвикани материјални штети на „Партизанска“, на потегот меѓу мостот Обединети нации и „Сити мол“.
Шилегов информира дека сериозно е оштетен покривот на средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ и делумно оштетување имало и во Гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“.
– Имаме неколку оштетени покриви на станбени згради. Имаме околу 50 паднати дрвја на различни локации на нашиот град. Имаме неколку паднати фасади од проектот „Скопје 2014“. Во средното хемиско училиште денеска нема настава. Во моментов службите работат на расчистување на теренот, вклучувајќи го тука и јавното претпријатие „Улици и патишта“, рече Шилегов.
На новинарско прашање зошто покривот на хемиското училиште не бил сменет, иако училишетото минатото лето беше реконструирано, Шилегов одговори дека реконструкцијата на покривот е извршена во 2009 година и сметале дека нема потреба толку брзо повторно да се прават интервенции.
– Покривот на средното хемиско училиште бил реконстуиран во 2009 година, од Министерството за образование под тогашно водство на Никола Тодоров. Проценката беше дека нема потреба да се санира нешто што неодамна било направено. Ние таму ја реконструиравме фасадата, односно ја направивме енергетски ефикасна. Очигледно е дека има разлика во нашата работа и во работата на проектите од Скопје 2014 годсина, кои не го издржаа невремето, истакна Шилегов.
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор