-->
-->
Едно лице повредено при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил
-->
Едно лице било повредено вчера при сообраќајка помеѓу трактор и патнички автомобил во неготинско, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Сообраќајната незгода била на регионалниот пат Неготино - село Лакавица.
- Тракторот марка „ИМТ 539“ со неготински регистарски броеви бил управуван од Ж.П.(65) од село Пепелиште неготинско, а патничкиот автомобил марка „фолјсфаген голф“ со неготински регистарски броеви го управувал Г.Г.(40) од Неготино, појаснува Додевски.
Во незгодата бил повреден возачот на тракторот и тој по укажаната медицинска помош во Општата болница – Неготино, заради карактерот на повредите, бил пренесен на лекување во Ургентниот центар - Скопје.
Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Неготино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници