Едно лице од Косово лишено од слобода, а две приведени во Охрид и на ГП Меџитлија
Едно лице од Косово вчера на граничнот премин Долни Блаце Интерпол од СР Германија било лишено од слобода, а две лица од Албанија се приведени во Охрид и во Полициската станица за граничен премин Меџитлија поради немање документи и непријавување престој во Република Македонија, информира МВР.
Косовецот Г.И. (29) бил предаден на полицијата во Чаир за натамошна постапка.
Личните податоци на приведениот Ј.Б. (55) од Поградец, Република Албанија на меѓуградската автобуска станица во Охрид поради сомнение дека нелегално престојува во Република Македонија и поради немање на документи, биле добиени по негов исказ.
Приведениот Е.Т. (44) од Република Албанија бил легитимиран во с.Маково, општина Новаци, поради непријавен престој во Република Македонија, односно поради сторен прекршок според член 139 став 3 од Законот за странци, по што бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
