Едно девојче погина во земјотресот на Филипините
Едно шестгодишно девојче погинало откако врз него се урнал ѕид во текот на силниот зејотрес што денеска ги погоди Филипини, соопшти градоначалникот на градот Матанао, град на југот од земјата.
Во земјотресот се урнала една трикатна зграда во градот, а луѓето во паника истрачувале од продавнци, куќи и други објекти, соопштија локалните власти
Во урнатата зграда се наоѓале една продавница и спасувачите проверуваат дали во неа има жртви или заробени лица под урнатините.
Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека потресот на јачина од 6,9 степени го погодил подрачјето на околу шест километри северозападно од градот Падада, на длабочина од 30 километри, во провинцијата Давао дел Сур, пренесеоа американските медиуми.
Некои градови останаа без електрична енергија, а локалните власти во градовите Даваоу и Котабату, во кои земјотресот силно се почуствувал, одлучиле утре децата да не одат на училиште, се додека надлежните служби не ја проверат стабилноста на школските згради.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес