Свет
20. July 2016 - 11:51

Една третина од жртвите во нападот во Ница се муслимани

Најмалку 30 отсто од луѓето убиени во терористичкиот напад во Ница минатата седмица, биле муслимани, соопшти денеска локалната исламска организација Сојуз на муслиманите во Алп Маритим.

Портпаролката на Сојузот изјави дека за барем една третина од жртвите во толпата која го чествуваше националниот празник на Франција, се организирани муслимански погреби, пренесува „Њујорк Тајмс".

Париското обвинителство соопшти дека идентификацијата на сите 84 убиени лица во нападот завршила денеска. 

Бројот на ранетите во нападот се искачи на 308.

Одговорност за нападот презеде ИД.