Една година од исчезнувањето на Марија Брзакова
Една година трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезнала лани на 18 јануари, во утринските часови.
Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена предистражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде затворена додека таа не се пронајде.
Од Обвинителството информираа дека се разгледуваат повеќе можности на случајот – дали младата мајка навистина е исчезната, можност од самоповредување или одземање на сопствениот живот, но и насилна смрт.
Досега се разгледани снимки од камери во селото Босилово и неколку патни правци околу селото. Потврдено е дека Брзакова не ја напуштила државата, бидејќи не е регистрирана на ниту еден официјален граничен премин дека излегла. Земени се изјави од најблиските, а проверени се и нивните телефони, но и од таму нема информации за нејзиното исчезнување.
Таа подолго време е на листата на исчезнати лица на МВР, а интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица се уште има флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на коишто може да се обратат граѓаните.
Лани, неколку денови по нејзиното исчезнување, стотина ловци и граѓани, во координација со полицијата, ја бараа Брзакова по течението на реките Турија и Струмица, канали, по полето, дури и по браните на Дрвош и Иловица и Моноспитовското блато.
Дваесет и осум годишната Марија Брзакова исчезна на 18 јануари лани. Според информациите од блиските била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса, а исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.
Ново на Сител
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?
-
Србија е единствениот кандидат за ЕУ што не ги почитува новите одлуки поврзани со Украина и Северна Кореја
-
ВМРО-ДПМНЕ: Не се заборава штетата што ја нанесе СДСМ
-
Муцунски – Јовановиќ: Двете земји одржуваат и негуваат одлични билатерални односи
-
Ирена Алексиоска Папестиев нов директор на Гинекологија