Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив

Вишвакумар Рамеш, единствениот патник кој го преживеа падот на авионот на Ер Индија во кој загинаа 241 лице, изјави дека не можел да поверува дека е жив кога ги отворил очите, опкружен со пламен, урнатини и изгорени тела.
Сместен во локална болница, Рамеш за индиската национална телевизија рече дека авионот изгледал како да е „заглавен“ во воздухот неколку секунди по полетувањето. Забрзал, но не успеал да се издигне, по што се урнал.
Седел на седиштето 11А, на страната која паднала врз покрив на зграда. Кога се отвориле вратите, имал простор за бегство. Се одврзал и излегол од авионот.
–Кога ги отворив очите, сфатив дека сум жив, рече Рамеш, кој има британско државјанство.
Задобил изгореници на левата рака, пешачел во шок некое време, пред локални жители да му помогнат и да го пренесат со брза помош до болница.
Индискиот премиер Нарендра Моди го посети местото на несреќата и лично разговараше со преживеаниот. – Му раскажав сѐ што видов. Ме праша и за моето здравје, рече Рамеш од болничкиот кревет.
Неговиот лекар, д-р Давал Гамети, изјави дека пациентот бил дезориентиран и со повеќекратни повреди, но не е во животна опасност.
Рамеш патувал со својот брат, кој загина во несреќата.
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
