-->
-->
Единствена Македонија: Зоран Заев знае за вооружени Албанци во државата, но не презема ништо
-->
„Зоран Заев вчера ја шокираше јавноста со изјавата дека за време на немилите настани во Собранието на 27 април, лани, по мобилен телефон добивал информации дека од „Бит Пазар“ се тргнати вооружени Албанци кон Собранието"
За Единствена Македонија и народот е крајно опасно што Зоран Заев не го применува правото и не презема ништо за да ги разоружа нелегално вооружените Албанци во земјата.
Ако за така краток рок постоела вооружена албанска група која се мобилизирала да го нападне Собранието лани на 27 април, а притоа Заев тоа го знае и цела една година ништо не презема, се поставува прашањето дали Зоран Заев ги сместува сите албански партии во владата во обидот за конечна пресметка со македонскиот народ, а нелегалното оружје на вооружените албанци ќе послужи за таа цел?
Единствена Македонија го предупредува Зоран Заев да не влегува во опасната авантура против македонскиот народ, оти многу бргу Македонија ќе биде ослободена од окупаторската марионетска власт во државата во содејство со нивните странски газди.
Единствена Македонија ќе победи и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“ се вели во соопштението на Единствена Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје