-->
-->
Единствена Македонија: Владата во моментов е збирштина на терористи на ОНА
-->
„Со назначувањето на Џезаир Шаќири за советник за безбедност на Зоран Заев повеќе нема дилема. Сега на сите ни е јасно дека марионетската влада во Скопје станува најголем непријател на македонската држава. Владата на Република Македонија во моментот е збириштина на терористи од ОНА, шарените како испоставана странски служби, поданиците на Сорос, одродени Македонци со изгубено национално чувство.
Со ангажирањето и на Џезаир Хоџа како исламско -фундаменталистички фанатик и директен извршител на убиството на припадник на МВР во ТЦ „ Чаирчанка“, се наметнува прашањето, дали со ваквиот состав на владини функционери на антимакедонска основа Зоран Заев прави очајнички обид за конечна пресметка со македонскиот народ и рушење на државата, а антидржавни функционери ќе му послужат за таа цел.
Единствена Македонија ќе го организира и поведе народот во општонародниот фронт како единствен начин да се спротиставме на хунтата на Зоран Заев за рушење на Македонија.
Единствена Македонија и македонскиот народ мора да ги победат непријателите на македонското дело и сите кои учествувале во политиките на антимакедонска и антидржавна основа, ќе одговараат“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
