Единствена Македонија: Пописот треба да се поништи
За Единствена Македонија пописот е неуспешен и треба да се поништи, а објавената бројност на Македонците по сите показатели е погрешна. Дотолку повеќе, вчера видовме голем револт кај народот по социјалните мрежи кои пописот го прогласија за најголем фалсификат а реакции дојдоа и од повеќе партии и здруженија.
Податоците за бројноста на Македонците се целосно погрешни и тоа е видливо за секој нормален човек.
Во странство се попишани 258.932, од кои како Македонци 63.500 (24,55 отсто) како Албанци 172.000 (66.64 отсто) како Турци 4,78 отсто и други. Кој нормален ќе поверува дека во странство има само 63.500 Македонци во услови кога Австралија, САД и
Канада самите велат за повеќе стотици илјади Македонци во прекуокеанските држави како и стотици илјади Македонци по Европа.
Во земјата вкупното резидентно население изнесува 1.836.713 граѓани. Но, од оваа бројка 132.260 (7,2%) граѓани не биле интервјуирани од попишувачите и нема податоци за нивната етничка припадност иако речиси 100 отсто се Македонци кои го бојкотираа пописот. Значи, попишувачите од вкупното резидентно население од 1.836.713 интервјуирале 1.704.453 (92,8%) жители во Македонија, а процентите за етничката припадност од страна на Државниот завод за статистика се сметани од вкупната бројка 1.836.713 жители што дава погрешна слика.
Единствена Македонија ветува дека дополнителен попис ќе има, и мора да има. Новата легална власт која се навестува, таа доаѓа ќе прати свои министри - Македонци кои доколку е потребно ќе седат и месец дена во странство и до последен ќе ги избројат нашинците во странство.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно