Свет
27. October 2015 - 9:25

Единаесет војници и еден полицаец убиени во вооружен напад во Колумбија

Единаесет војници и еден полицаец загинаа вчера во вооружен напад на борци на „Армијата за национално ослободување“ во Колумбија, јави БТА. 

Според информации на колумбиското Министерство за одбрана уште три лица се ранети, а судбината на шестмина е непозната.

Силите за безбедност ги обезбедувале лицата, кои работеле во изборна единица и кои пренесувале 130 гласачки ливчиња од локалните избори. Тие гласачките ливчиња ги пренесувале од индијански резерват кон главниот град Богота.