Единаесет пожари на отворено изминатото деноноќие
Единаесет пожари на отворено евидентирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатите 24 часа. Како што се наведува во соопштението, сите биле изгаснати.
Во село Арачиново горела депонија, во Горно Лисиче гореле ниска вегетација, ѓубре, жито, се интервенирало на пожар и кај хотел „Њу стар“ во Бутел, потоа во Ѓорче Петров, сува трева и гранки биле опожарени во Долно Свиларе, депонии гореле во Петровец и Росоман, опожарена била трска кај хотел „Метропол“ во Охрид, неготински пожарникари интервенирале во Пепелиште, а во општина Кочани, кај месноста „Трајаново Трло“, запалени биле сува трева, гуми, пластика и друго ѓубре.
На бројот за итни случаи - 112, изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 2.145 повици. Како реални од нив биле категоризирани 64,20 проценти.
- Кон полицијата биле упатени 58,98 отсто, кон Итната медицинска помош - 26,27 проценти, а кон пожарникарите - 6,97 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, пишува во денешното соопштение.
Ново на Сител
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец