Фудбал
5. November 2019 - 19:47

Единаесет години казна за лидерот на навивачите на Верона

Лука Кастелини, водачот на навивачката група на италијанскиот фудбалски клуб Верона, по изјавата за Марио Балотели дека не е вистински Италијанец, од сопствениот клуб доби 11-годишна забрана за одење на стадионот „Марк Антонио Бентегоди“.

Кастелини вчера го нападна Балотели обвинувајќи го дека лажирал оти бил расистички навредуван од навивачите на Верона, па по тој повод тој рече дека тој не е вистински Италијанец.

Одлуката од Верона ја објаснија како „целосно спротивна на етичките принципи на клубот“. Кастелини не смее да се појави на домашните натпревари во градот на љубовта сè до 30 јуни 2030 година.

Се очекува дека одлуката нема да ја прифатат навивачите на Верона, па може да се очекува тие да не се појавуваат на натпреварите на омилениот клуб.