Еди Рама во ненајавена посета на Приштина
Албанскиот премиер Еди Рама денеска престојувал во ненајавена посета на Приштина, каде се сретнал со косовскиот претседател Хашим Тачи, јавија албанските медиуми.
Како што јави дописникот на МИА, средбата била „неформална“ и се уште не се знае причината за посетата на Рама на Приштина.
Според медиумите, кога излегувал од хотел Рама бил пречекан од новинари кои се обиделе да добијат изјава од него, тој само се насмевнал и ги одминал.
Рама бил фотографирал и во моментот кога влегувал во хотелот „Свис Дајмонд“ во Приштина, каде што се одржувала средба на косовските политички лидери околу демаркацијата на границата со Црна Гора.
Престојот на Рама во Приштина, доаѓа само неколку дена по неговата посета на Белград.
Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај остро го критикуваше Рама во врска со неговите изјави дадени во Србија. порачувајќи му да не се меша во односите меѓу Приштина и Белград, бидејќи „тоа е улога на ЕУ и на САД“.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?