-->
-->
Еден загинат во тешка сообраќајка кај Тајмиште
-->
Утрово околу 6.35 часот се случила сообраќајка на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“, помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.
Како што информира СВР Охрид, на местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето.
Со тешки телесни повреди се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, соопштија од полицијата.
Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски