Свет
13. August 2015 - 8:46

Еден загинат и петмина повредени при бунт во затвор во Калифорнија

Во бунт во затвор во градот Фолсам, Калифорнија убиен е еден затвореник, а петмина се повредени.

Бунтот избувнал во дворот на затворот, а стражарите пукале во воздух и употребиле солзавец за смирување на ситуацијата.

Се уште не е позната причината за немирите. Ниту еден од затворските стражари не е повреден.