-->
-->
Еден загинат и неколкумина повредени во сообраќајката кај Врбјани
-->
Еден загинат во сообраќајката која попладнево во 18.20 се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево кај с.Врбјани.
Од СВР Охрид информираат дека директно се судриле две возила Голф и Тојота при што возачот од Голфот починал на лице место. Во сообраќајката има и неколку повредени, увидот се уште трае, а сообраќајот се пренасочува по новиот пат.
Возачите кои вечерва се враќаат по патот Охрид-Кичево кон Скопје се соочуваат со голем застој на патот и километарска колона, а движењето е речиси никакво.
-->
-->
-->