Еден загинат и милиони луѓе без струја откако ураганот Ида го погоди Њу Орлеанс
Повеќе од еден милион домови во американската сојузна држава Луизијана останаа без струја, додека во предградие во близина на Батон Руж едно лице загина во налотот на ураганот Ида. Ураганот предизвика значителни штети и поплави во целата држава, предизвикувајќи стравување дека бројот на жртви може дополнително да се зголеми.
Ураганот Ида го остави без струја целиот град Њу Орлеанс, неколку часа откако ја погоди американската држава Луизијана. Енергетската компанија Ентерџи потврди дека Њу Орлеанс е без електрична енергија и дека единствената електрична енергија во градот доаѓа од генератори.
Националниот центар за урагани соопшти дека Ида ослабела до бура од категорија 3, откако беше ураган од категорија 4 кога стигна до копно.
Ида носеше покриви на згради и предизвика поплави во крајбрежните области на Луизијана. Тоа е една од најсилните бури во историјата на САД. Удри точно 16 години по ураганот Катрина, кој предизвика пустош во Луизијана и Мисисипи.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?