Свет
4. April 2018 - 8:15

Еден загинат и четворица ранети во напад во седиштето на ЈуТјуб во Калифорнија

Вооружена жена упадна денеска во седиштето на компанијата ЈуТјуб во градот Сан Бруно во Калифорнија при што ранила најмалку четири луѓе, соопшти полицијата.

Жената која го извршила нападот е пронајдена мртва и најверојатно сама се застрелала. Нападот се случи попладне по локално време и според првичните информации, жената која пукала носела шамија на главата.

– Настрадала најверојатно од раните што сама си ги нанела со огнено оружје, соопшти полицијата.

Локални медиуми јавија дека најмалку еден од повредените е во критична состојба.

Комапнијата Гугл кои се сопственици на ЈуТјуб објавија дека го истражуваат инцидентот. Во седиштето на ЈуТјуб работат околу 1.700 луѓе.