Еден војник загина и еден е сериозно повреден од експлозија на рачна граната за време на обука на грчкиот остров Родос

При експлозија на рачна граната за време на закажана обука за фрлање гранати на грчкиот остров Родос, животот го загуби 19-годишен професионален војник, а негов колега е сериозно повреден, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Генералштабот на грчката армија соопштија дека несреќата се случила рано утрово, двајцата професионални војници веднаш биле пренесени во болница, каде што била констатирана смрт кај 19-годишниот, а 39-годишниот бил опериран, додека причините за несреќата се истражуваат.
Според весникот „Родаики“ од Родос двајцата војници (пиротехничари), добиле наредба да го проверат оружјето што подоцна требало да се користи за обуката, а при преносот едната рачна граната се активирала и експлодирала.
Претседателот на Грција Константинос Тасулас и министерот за одбрана Никос Дендиас изразија сочувство до семејството на загинатиот професионален војник, како и желби за брзо закрепнување на повредениот.
МИА
Ново на Сител
-

Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција
-

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Апелациски суд ќе ги разгледува жалбите на пресудата за убиствата на Вања и Панче
-

Трамп: Иранскиот одговор на нашиот предлог е тотално неприфатлив
-

Комисијата за избори и именувања денеска предлогага нов член на ДКСК
-

Вкупно 94 патници досега евакуирани од бродот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус
-

Нетанјаху: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош
-

Водата во Скопје безбедна за пиење
