Еден повреден во сообраќајка во Скопје
Сопатник на патничко возило бил тешко повреден во една од вкупно 14 сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден. Во осум сообраќајки со полесни повреди се здобиле 14 лица, а во пет била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција исклучила од сообраќај 13 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и шест почетници, како и 12 нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и девет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не носење заштитен шлем, тројца возачи за не носење сигурносен појас, како и 14 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Санкциониранi биле и 31 пешак коj поминале коловоз вон пешачки премин и 18 пешаци поминале коловоз на црвено светло.
Затекнати биле 66 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 53 возила
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово

