Еден од убијците на Данка сакал да се спогоди со полицијата: Ќе кажел се за делото во замена за помала казна
Се уште се трага по убиеното двегодишно девојче од Бор, Данка Илиќ. Како што пренесува српски Информер, еден од двајцата осомничени за убиството, сакал да се спогоди со полицијата. Тој им понудил на инспекторите да им каже се за делото во замена за полесна казна.
Двајцата работници во „Водовод“ го признаа делото, дека со возилото ја удриле малата Данка и потоа ја фрлиле на депонија.
Началникот на одделот за криминалистичка полиција Нинослав Чмолиќ утрово во телевизијата Информер, презентираше страшно откритие од истрагата за убиството на Данка.
Тој рече дека откако со својот автомобил ја удриле Данка, осомничениот С.Ј. и Д.Д. мислеле дека е мртва и ја ставиле во багажникот, но девојчето било живо и се разбудило во еден момент.
„На ГПС се снимени чудни движења на нивното возило. Нивните приказни не се совпаѓаат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило додека возеле“, вели тој.
„Возачот не ни забележал дека го удрил девојчето, тоа го сфатил дури кога му кажал совозачот. Веднаш ја ставиле во багажникот, а кога се разбудила малата Данка, совозачот ја задавил. Тоа ни го призна вчера и детално опиша сè. Потоа ја фрлиле на депонијата“, рече Цмолиќ.
Началникот вели дека најголем проблем со пронаоѓањето на детето е тоа што и возачот и совозачот давале погрешни информации, а се сомнева дека тоа е затоа што сакаат да ја прикријат состојбата на телото на малата Данка.
Ново на Сител
-
Под лажен идентитет уапсен наркобос од Македонија на аеродромот во Женева
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите
-
Трамп за денеска најави средба меѓу руски, украински и американски претставници
-
Макрон: Само украинскиот претседател Зеленски може да преговара за мир за неговата земја
-
Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна
-
Облачно со повремен локален дожд во југозападните делови
-
Состојба на патишта