Ед Ширан се оженил со својата другарка од детство
Британскиот кантавтор Ед Ширан откри дека од неодамна е во брак со својата другарка од детство Чери Сиборн.
Во интервју Ширан зборувал за текстот на својата нова песна, која ја сними со Еминем и 50 Сент, „Remember My Name“, во која Чери ја нарекува своја сопруга.
– Всушност ја напишав пред да се венчаме Чери и јас, но знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена. Некој ќе ја слушне песната и ќе рече: „Ох, па тие се венчале! Не знаев како тоа ќе се протолкува, но очевидно е дека веќе сите знаат, истакна популарниот пејач.
Ед Ширан и Чери Сиборн се познаваат откако биле деца, но почнале да се забавуваат дури во 2015 година, кога заедно заминале на журка која ја организирала пејачката Тејлор Свифт по повод американскиот Ден на независност – 4 јули. Тие се вериле во јануари 2018 година.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот