ДЗС: Уништувањето на грантите пронајдени под стадионот во Битола ќе започне во декември
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска соопшти дека во декември ќе започне уништувањето на неексплодираните гранати од Првата светска војна што на 26 октомври годинава беа пронајдени кај стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола. ДЗС информира дека нејзините пиротехничари се постојано на терен и оти до денеска од полското складиште се извадени 4.000 парчиња артилериски гранати 76 мм, а оти се очекува до завршувањето да се извадат околу 10.000 гранати што се со минимална тежина од 70 тони.
Овие 4.000 артилериски гранати што се извадени од Под Тумбе кафе се неиспукани и без запалки и не претставуваат опасност за транспорт, навдуваат од ДСЗ.
– Бидејќи се работи за огромна количина на неексплодирани убојни средства за истите уништувањето ќе почне во текот на месец декември и ќе продолжи до завршувањето на уништување на истите. При отстранувањето дополнително се пронаоѓаат се поголем број на неексплодирани убојни средства, за да се исчисти теренот ќе се работи и под земјениот пат кој минува зад стадионот во Битола, истиот ќе се затвори за да се продолжи со работа и поради безбедноста на населението, се наведува во информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување.
Според планот на спроведување на активноста за отстранување на гранатите ДСЗ има Стандардни оперативни процедури за заштита на неексплодирани убојни и други експлозивни средства, што опфаќаат: Мерки за безбедност на лицата вклучени во процесот на активноста на отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС); Лична заштита опрема за секој пиротехничар согласно Стандардна оперативна процедура (СОП) за НУС; Одговорното лице на терен за сите активности има должност за планирање и координација за работата на пиротехничарите, соработката со претставниците од единиците на локалната самоуправа – општината, градоначалникот, Армијата, полицијата, болниците и другите соодветни организации.
ДСЗ врз основа на укажаната потреба доставила барање до Министерството за одбрана и за вклучување на пиротехничари на Армијата поради обемноста на активностите за транспорт и уништување на гранатите, а се информирани и меѓународните претставници од ОБСЕ, НАТО и ЕУ во земјава.
Ново на Сител
-

Во Струмица одбележани 22 години од загинувањето на претседателот Трајковски
-

Зеленски: Русија ноќеска ја нападна Украина со 420 дронови и 39 ракети, повредени се десетици лица
-

Песков: Путин, Трамп и Зеленски треба да се сретнат само за да ги склучат договорите
-

Советот на ЈО по повикот од Филков: Надзорот во случајот Груби е на повисокото обвинителство, немаме надлежност во оваа фаза
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател
-

Реконструкција на охридскиот аеродром по првпат од изградбата, најави Николоски
-

Нова измама во Битола на возрасно лице од лажен лекар кој одзел 9.600 евра
-

Зеленски: Поправката на нафтоводот „Дружба“ не може брзо да се заврши
