Македонија
14. September 2023 - 17:26

ДЗС: Трите авиони за гасење на пожар на отворено се сервисирани и активни изминатите четири месеци

Трите авиони за гасење пожари на отворено на Дирекцијата за заштита и спасување од типот AIR TRACTOR AT-802A оваа година се сервисирани и почнувајќи од јуни годинава се присутни во секој појавен пожар на отворено, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Оттаму посочуваат дека по барање на општините и проценката на стручните лица скоро секој ден авионите на ДЗС се спремни за летање и интервенирање за гасење на пожари во отворено.