ДЗС со препораки до граѓаните кои одат на планина во зимски услови
Од Дирекцијата за заштита и спасување поради временските услови, нагла промена на температурата, појава на магла и слично, на сите граѓани на Република Македонија им препорачуваат континуирано да ја следат временската прогноза пред заминување во туристичките центри или било која друга дестинација.
Оттаму информираат да не се тргнува на пат со неисправно возило и без соодветна зимска опрема, возилото да има доволно гориво за пристигнување до саканата дестинација, но и во случај да дојде до прекин на сообраќајот, да имаат доволна количина на храна, вода, лекови и топла облека.
Имено, од Дирекцијата велат дека граѓаните треба да имаат наполнети батерии на мобилните телефони и конекција со своите роднини и пријатели, луѓето што ќе ги посетат зимските центри да ги користат уредените патеки за скијање, а доколу истите сакаат да ги напуштат да ги известат спасителните служби на тие центри, планинарите, алпинистите и останатите граѓани кои сакаат да планинарат во зимски услови, да ги известат најблиските полициски станици или спасителни служби за нивниот правец на движење и времето на враќање.
За граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови, Дирекцијата им препорачува навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби, да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни, да имаат обезбедено телефонски врски – по можност мобилни, да внимаваат на покривите во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат, навремено да информираат за настанати непогоди – несреќи, редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
Доколку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства, велат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Ново на Сител
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа