ДЗС: Пониски продажни цени на производителите на индустриски производи во декември
Продажните цени на производителите на индустриски производи во декември 2015, според податоците на Државниот завод за статистика, се пониски за 0.7 проценти на месечно ниво, а за 3.8 проценти на годишно ниво.
Во декември 2015, во споредба со ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2.9 отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 1.0 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.4 отсто.
Во декември 2015, во споредба со декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 6.6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 3.6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2.8 проценти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, пак, се пониски за 1.2 отсто на месечно ниво, а за 7.1 отсто на годишно ниво.
Во декември 2015, во споредба со ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 1.8 отсто.
Во декември 2015, во споредба со декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9.4 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија за 6.9 проценти.
Ново на Сител
-
Почнува судењето против Васил Јованов кој пред 4 месеци смртно ја прегази Фросина на Партизанска
-
Уапсен убиецот кој пукаше во штипското кафуле и неговите помагачи во бегството, сите се турски државјани
-
СДСМ обвинува дека убиствата станаа секојдневние, Тошковски нема контрола над безбедноста
-
Москва одбележува 80-години од победата над фашизмот
-
9 мај - Ден на победа над фашизмот
-
Почна најмасовна волонтерска акција за чистење на отпадот - Генералка викенд
-
Младите се помалку се обучуваат за спасители на вода
-
Преглед на вестите од светот