ДЗС: Локализиран пожарот кај тетовско Седларево
Пожарот кај тетовското село Седларево е локализиран, а под контрола се ставени пожарите во атарите на селата Горно Ботушје и Црешово во општина Македонски Брод. Од Општина Бутел е побарано ангажирање на авоините на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за гасење на пожарот кај Љуботенски Бачила, информира ДЗС.
Оттаму посочуваат дека вработени во Шумското стопанство од кумановскиот регион од раните утрински часови интервенираат на активни жаришта на опожарената нискостеблеста дабова шума од вчерашниот пожар во атарот на селата Живиње и Сушица. Во интервенцијата учествуваат и екипи на ТППЕ Куманово.
Во струмичкиот регион активни се пожарите во атарите на селата Свидовица и Куклиш со кои е опожарена мешана шума, нискостеблеста даб и габер на површина од околу пет хектари. Интервенираат вработени од Шумското стопанство Беласица – Струмица и ТППЕ Струмица.
Во општина Македонски Брод активен е пожарот во атарот на селото Рамне каде гори ниска деградирана шума и смрека. Од утрово интервенираат вработени од Шумското стопанство Сандански – Македонски Брод.
На територијата на Општина Чашка има два активни пожари и тоа во атарот на селото Црешнево каде интервенираат Шумското стопанство Бабуна – Велес и Јавното комунално претпријатие Тополка – Чашка и во атарот на село Мокрени каде интервенираат од Шумското стопанство Бабуна.
Се уште е активен и пожарот во близина на манастирот кај кочанското село Пресека каде е опожарена борова шума. Интервенираат од Шумското стопанство Осогово – Кочани, од Шумска полиција и ТППЕ Кочани.
Папрат и дабова шума се уште горат кај беровското село Владимирово. Интервенираат од Шумското стопанство Малешево, месното население и од Шумската полиција.
Ново на Сител
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
