-->
-->
ДЗС испрати тим од 41 лице и 11 возила за помош на настраданите во Албанија
-->

– Тим од 41 лице, од кои 35 припадници на Републичките сили за заштита и спасување специјализирани за спасување од урнатини, двајца водичи со кучиња од МВР за пребарување на теренот и четири лица од Црвениот Крст на РМ се испратени во Албанија заради справување со последниците од силниот земјотрес, кој изутрината ја погоди земјата.
Тимот е координар од Дирекцијата за заштита и спасување, која како што соопшти ги презема сите потребни организациони подготовки за испраќање помош на настраданото население. Освен тимот, ДЗС испрати и 11 возила со специјализирана опрема за спасување и расчистување на теренот.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски изрази сочуство за жртвите од земјотресот во Албанија.
Тој, како што се наведува во соопштението на Дирекцијата, во текот на целиот ден бил во контакт со сите релевантни институции кои се понудиле за помош.
Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 14 лица, од кои најмалку две се деца
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
