ДЗС: Досега самопопишани 137.111 македонски државјани од дијаспората
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека досега се попишале 137 111 нашинци во дијаспората, а само последниот ден 7 102 македонски државјани.
- Се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на спроведувањето на операцијата на 21 април. Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Македонија, велат од Државниот завод за статистика.
За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, од Државниот завод за статистика велат дека им стојат на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk.
Ново на Сител
-
Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
-
12 повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат испратени на домашно лекување
-
19 годишниот Јован како херој пречекан од соучениците во Виница
-
Мицкоски: Постапката за разрешување на Коцевски во моментов ќе биде запрена
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Ќе се менува законот за угостителска дејност
-
Минималната плата ќе биде донесена на денешната Владина седница и ќе изнесува 24.400 денари
-
Центарот за Социјална работа не бил известен за бегството на пациентот од болницата