ДЗР го објави конечниот извештај за основниот Буџет за 2022 година
Државниот завод за ревизија го објави конечниот извештај за основниот буџет на државата за 2022 година.
- Врз основа на извршената ревизија утврдивме дека освен за комплетноста на дел од буџетските барања, за постапката на усогласување на буџетските барања помеѓу буџетските корисници и МФ, висината на одобрените средства за дел од буџетските корисници кои се законски утврдени, постапката на подготовка и донесување на Буџетот е спроведена во согласност со законската регулатива. Освен за дел од приходите и другите приливи и расходите и другите одливи, постапката на планирање и остварување на приходите и другите приливи и постапката на планирање и извршување на расходите и другите одливи, се во согласност со законската регулатива. Воспоставените контроли во трезорската сметка овозможуваат спречување или откривање на грешки на ИТ системите и евиденцијата на трезорската сметка, се наведува во резимето од извештајот.
Целиот извештај може да се најде на следниот линк https://dzr.mk/sites/default/files/2023-07/KRI_Osnoven_budzet_RSM_2022.pdf
Ново на Сител
-
Осуденик физички нападнат во затворот Идризово
-
Пронајдено телото на 77-годишниот велешанец во близина на Штип
-
Израелскиот министер за одбрана, Кац го обвини Хезболах дека не ги почитува условите од договорот за прекин на огнот
-
Опожарено возило во Битола
-
Руско МО: Соборени 61 дрон над неколку руски региони, повеќе од половина во Ростовска област
-
Тешко повредена 72-годишна жена во сообраќајка во Прилеп
-
Пронајдена марихуана во домот на 52-годишен струмичанец
-
Тепачка пред казино во Неготино