Ѕидот кај мосотот во Косовска Митровица отстранет без инциденти
Ѕидот кај мосотот во Косовска Митровица, кој неделава беше повод за зголемени тензии во односите меѓу Белград и Приштина, денеска беше урнат, без никакви инциденти или попречувања.
Како што јави Танјуг, ѕидот беше урнат со помош на два багери за околу еден час.
Уривањето на ѕидот го следеа голем број новинарски екипи, а во текот на градежните работи во близина на мостот беше видливо засилено присуство на косовската полиција. Војниците на КФОР, пак, стандардно беа сместени во својот постојан пункт.
Потпорниот ѕид беше урнат согласно договорот што вчера во раните утрински часови го постигнаа претсавниците на локалните власти на српскиот дел на Косовска Митровица и Белград со Владата во Приштина, со посредство на ЕУ и САД.
Согласно договорот, на два метри од местото на кое се наоѓаше ѕидот во пешачката зона ќе биде поставена метална конструкција, чија изградба треба да почне во вторник.
Градоначалникот на Северна Косовска Митровица, Горан Ракиќ, вчера изјави дека конструкцијате ќе биде помесетена како безбедносна мерка, со цел на шеталиштето да не можат да влегуваат возила. Пристапот до пешачката зона ќе им биде дозволен само на возилата на брзата помош, полицијата и протовпожарната служба.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка