Балкан
18. October 2016 - 13:47

„Џумхуриет“: Турското разузнавање предупреди од ризик од терористички напад во големите градови

Турското разузнавање (МИТ) добило информации за можни големи терористички напади, кои ги подготвува групацијата Исламска држава во пет големи окрузи на земјата, пишува весникот „Џумхуриет“. 

МИТ ја информирало Главната служба за безбедност, која од своја страна испратила соопштение со назнака „итно“ до сите регионални центри.

Според податоците на разузнавањето терористички напади се можни во Истанбул, Анкара, Анталија, Измир и Газиантеп. Тие региони се наоѓаат во зоната со зголемен ризик. Се смета дека ИД може да изврши напади во сообраќајот, во метрото, во автобусите, автобуските станици, фериботите. Не се исклучени ниту терористички напади во авионскиот сообраќај. 

Една од можните цели на ИД во Истанбул може да биде Евроазискиот тунел под Босфорот, кој ќе биде откриен во присуство на високи турски функцинери во декември.