-->
-->
Џошуа против Вајлдер во меч за обединување на сите титули
-->
Двајцата најдобри боксери во светот во тешка категорија Ентони Џошуа и Деонтеј Вајлдер конечно би можеле да се најдат во рингот заедно, еден наспроти друг.
Откако обајцата во изминатите викенди ги одбранија титулите, сега се најавува нивна борба за обединување на сите титули во тешка категорија.
Џошуа со технички нокаут го совлада Карлос Такам, додека Вајлдер уште во првата рунда го нокаутираше Бермејн Стиверн. Веднаш по триумфот Американецот го предизвика Џошуа на меч за сите титули.
По неколкудневни препукувања на социјалните мрежи меѓу двајцата боксери, Британецот конечно го прифати предизвикот.
Засега, единствено сигурно е дека борбата ќе се случи следната 2018 година, но точниот датум и локацијата не е утврдена.
Џошуа е актуелен шампион во ИБВ и ВБА, додека Вајлдер е шампион во ВБЦ верзијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Николовски потрошил близу 1 милион денари во ресторани
-
Невладините бараат измени на Законот за младински политики
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип