Џорџ Сорос финансира кампања против Брегзит
Американскиот милијардер Џорџ Сорос даде 453.000 евра на британската организација која заговара останување во Европската унија и се обидува да влијае врз гласањето на британските пратеници за завршниот договор за Брегзит, вели нејзиниот претседател.
- Преку својата фондација тој уплати 453.000 евра, изјави поранешниот министер Марк Малок Браун, претседател на „Бест фор Британ“.
Таа организација, конзервативниот весник „Дејли Телеграф“, заговорник на Брегзит, ја обвинува дека се „здружила за да испланира уривање на Брегзит“.
Весникот пишува дека „кампањата за уривање на Брегзит“ на национално ниво ќе се покрене кон крајот на февруари, со цел да се „организира втор референдум и изгласа останување на Велика Британија во ЕУ“.
- Многу се разочарани од Брегзит, изјави денеска Марк Малок Браун.
Кампањата треба да ја „покрене јавноста за останување на Велика Британија во ЕУ, за да можат пратениците да ја видат промената на јавното мислење кога во Парламентот ќе гласа „за завршниот договор со Брисел.
Сорос на Светскиот економски форум во Давос во Швајцарија, минатиот месец нагласи дека британската премиерка Тереза Меј нема долго да остане на власт и рече дека Британците не се свесни за финансиските последици од Брегзит.
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров