Џорџ Буш Постариот хоспитализиран со скршеница на грбот

Поранешниот американски претседател, Џорџ Буш Постариот (91) итно е префрлен во болница, откако во неговиот дом во сојузната држава Мејн, паднал и скршил една коска на грбот.
Неговиот портпарол изјави дека здравствената состојба на Буш е стабилна и дека тој „само кусо време“ ќе се задржи во болница. Во изјавата уште се вели дека пораншениот претседател на САД не се наоѓа во животна опасност.
Инцидентот во неговот дом се случил вчера наутро, но не се соопштува како дошло до падот.
Буш Постариот боледува од Паркинсоновата болст, поради што не може да ги користи нозете, па е прикован за инвалидска количка.
Пред крајот на минатата година, тој едно време беше во болница поради проблеми со дишењето.
Според неговиот портпарол, поранешниот претседател ќе мора извесно време да носи специјален стегач на грбот, додека не се санира повредата.
Џорџ Буш Постариот е најстариот жив поранешен претседател на САД. Тој е татко на Џорџ Вокер Буш кој беше претседател на САД од 2000 до 2008 година, како и на некогашниот гувернер на Флорида, Џеб Буш, кој сега е еден од претендентите за републикански кандидат на претседателските избори во 2016 година.
Ново на Сител
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
-

Кумановец загина откако со автомобил излета од патот
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
-

Средношколец во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
-

Трето државно квиз првенство
-

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода
-

Голема акција на МВР: Претреси на дваесетина локации поради фалсификувани возачки дозволи
