Џордан: Не можам да ја прифатам улогата на „најголем“

Легендата на светската кошарка, Мајкл Џордан изјави дека не може да се согласи со неофицијалната титула „најголем досега“.
Шесткратниот шампион во НБА лигата со Чикаго Булс се повеќе го споредуваат навивачите и експертите со суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.
Fadeawayworld.net објавува делови од интервјуто со Ем Џеј, кое се очекува да биде дел од претстојниот документарен минисерија со „Воздушниот“ и тимот на Булс од 1990-тите.
– Никогаш не можев да ја прифатам оваа улога. Има многу играчи кои имаат влијание врз мојата игра. Да не ги гледав, не би можел да ја развивам мојата игра, вели Џордан.
Уште во 1993 година, младиот кошаркар го кажа следново: „Јас не сум овде за да правам кампања за најдобар играч во светот или во историјата. Не го велам тоа, затоа што во различни ери, се игра различно“.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
