Свет
8. December 2019 - 13:38

Џонсон: Ќе се борам за секој глас

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе се „бори за секој глас“ до парламентарните избори кои ќе се одржат в четврток.

– Ќе се борам за секој глас, изјави лидерот на конзервативците, надевајќи се дека ќе освои мнозинство, неопходно за усвојување на договорот за Брегзит.

Спроведувањето на Брегзит за Џонсон е приоритет во кампањата. Доколку победи, тој ќе го поднесе договорот на гласање во Парламентот, за да може Британија да излезе од ЕУ на 31 јануари 2020 година.

Според анкетите, чии резултати ги објави весникот „Гардијан“, конзервативците имаат 11 процентни поени поддршка повеќе од лабуристите пред одржувањето на вонредните избори.

Лидерот на конзервативците, кој дојде на власт во јули, не сакаше да коментира дали ќе поднесе оставка доколку не освои апсолутно мнозинство.

Џонсон нагласи дека своето внимание ќе го насочи на претстојните пет дена, бидејќи, како што наведе, луѓето во Велика Британија тоа го очекуваат.