-->
-->
Џонсон го спореди Путин со Хитлер, за Москва тоа е застрашувачки
-->
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин го користи Светското првенство во фудбал за подобрување на имиџот на Русија.
Џонсон додаде дека се согласува со мислењето на еден пратеник дека тоа потсетува на Хитлеровото користење на Олимписките игри во 1936 година во Берлин.
- Да, мислам дека споредбата со 1936 година е апсолутно точна, изјави Џонсон пред членовите на британскиот Парламент.
На изјавата на шефот на британската дипломатија реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, која истакна дека Џонсон е „затруен со омраза и бес и оти е застрашувачки некој таков да претставува нуклеарна сила“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот