Џони Деп лут на „лошото“ момче на неговата 16-годишна ќерка Лили
Славниот актер Џони Деп со поранешната партнерка, француската пејачка и актерка Ванеса Паради, со која мина цели 14 години, го има синот Џон и ќерката Лили-Рос.
Лили (16), која веќе зачекори во водите на модата и сними голем број модни едиторијали и кампањи, е во врска со момче кое е осум години постаро од неа.
Неговото име е Еш Стајмест и не само што има 24 години, туку бил женет и има четиригодишна ќерка. Тој е модел и во модните кругови е познат и како „лошото момче“, коњ сака да пие, да пуши трева и да се забавува.
Токму затоа не е ни чудно што таткото Џон не се согласува со изборот на неговата ќерка и е многу загрижен.
- Џони ја обвинува неговата поранешна сопруга Ванеса, затоа што многу и попушта, а тој и Лили постојано се во конфликт поради нејзините врски. Џони не сака тоа момче да биде близу неговата ќерка, со што испаѓа лицемер, бидејќи Еш е негова слика и прилика од младите денови, откри непознат извор.
Ново на Сител
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие