Џон Мејџор: Напуштањето на ЕУ е во спротивност на британските интереси

Поранешниот британски премиер Џон Мејџор изјави дека напуштањето на ЕУ би било во спротивност на интересите на Велика Британија.
Мејџор го предупреди актуелниот премиер Дејвид Камерон дека е „опасно флертувањето со заминувањето (на Велика Британија) од Унијата“.
Според него, еветуалното истапување на Велика Британија од ЕУ, сигурно ќе предизвика организирање втор референдум за отцепување на Шкотска.
Тој предупредува дека надвор од ЕУ, земјата ќе се соочи и со француското олабавување на имигрантската заштита, што сега ја спроведува кај Кале на другата страна од Ламанш, како и со трговската регулатива на ЕУ, врз која повеќе не ќе може да влијае.
Мејџор смета дека како држава која повеќе не би била членка на Унијата, Велика Британија ќе се најде во ситуација на „идеална изолација“ - земјата ќе биде „ослободена“ од Брисел, но ќе биде изолирана во Европа.
- Напуштањето на ЕУ, затоа, е во спротивност на интересите на Британија, како сега, така и во поблиска и подалечна иднина, изјави Мејџор, предупредувајќи ги Камерон и евроскептичните конзервативци дека излегувањето од Унијата, претставува закана и за целовитоста на земјата.
Ова е првпат, еден ториевски политичар од негов ранг, остро да се изјасни против напуштањето на ЕУ, што ја заговараат пред се неговите некогашни сопартијци.
Џон Мејџор ја наследи Маргарет Тачер на премиерската фунакција, од која таа се повлече по партискиот пуч во Конзервативната партија. Мејџор беше премиер од 1990 до мај 1997 година, кога на изборите беше поразен од лабуристот Тони Блер.
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
