Џоломарите и годинава на Василица ги бркаат лошите духови од Тиквешијата
Џоломарите се подготвени, на Василица ќе ги избркаат лошите духови од Тиквешијата. Станува збор за група мажи со кожувчиња и грпки, лица исцрнети со саѓи, стапови и клопотарци со кои прават врева и на тој начин го бркаат злото за да направат пат за добрината. Во групата има и двајца мажи преправени во невеста и баба, кои ги симболизираат плодноста и мудроста.
Томе Крстевски, етнолог при Кавадаречкиот музеј, изјави за МИА дека и оваа година продолжува традицијата која се негува во неколку села во Тиквешијата.
– Во верувањето на македонскиот човек посебно важно место има периодот од Божик до Водици, односно според верувањето од раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Кај нас овие денови земаат големо значење, поготово во селските средини каде се одржуваат обичаи кои имаат длабоки корени. Познати се под името пагански обичаи, односно период исполнет со религиозен страв и разни магиски заштити, нагласува Крстевски.
Терминот паган, како што појасни доаѓа од латинскиот збор „паганус“ што според првобитното значење е рурален, селски или на селото ако се толкува како придавка. Но, ако се толкува како именка, „паганус“ означува селски жител или селанец.
– Тоа е религија на почитување на природата, славењето на мајката Земја, на годишните времиња и воопшто на целата природа, додава етнологот.
Најчесто паганизмот се среќавал во селата, меѓу селското население. Доказ за тоа е, како што вели, обичајот на џоломарите од селата Ресава и Бегниште, но истовремено и практикување на овој обичај во селата Дреново и Сопот во овој етнички предел Тиквеш. Џоломарската игра, како што истакна, е позната низ цела Македонија, но во зависност од тоа каде се одржува, овие обичаи имаат различни имиња. Џаламари, џоломари, џамалари, бабари, суровари, василичари, русалии и слично.
– Се смета дека овие маскирани групи се организираат со цел да ги избркаат лошите духови што шетале во 12 некрстени денови од Божик, 7 јануари, па до Богојавление, 19 јануари. Се е во контекст на раѓањето на Исус Христос и неговото крштевање кое се случило на 13-годишна возраст. Според народните верувања тогаш шетале разни вештерки, вампири, чума, колера и друго. Исто се верувало дека и водата е опседната од овие духови, таа била леунка-немоќна некрстена, крст
Нивните ритуални игри се проследени со драмски и комични елементи исполнети со магиски дејства, кои имале за цел да го истераат лошото, а истовремено да донесат бериќет и благосостојба за годината што настапува како во семејството, така и на земјоделските површини.
Крстевски појаснува дека зборот „џоломар“ го среќаваме само во овој етнички предел Тиквеш.
– Од истражувањето и разговорите со мештаните, тие за зборот немаат некакво објаснување, така било и така останало. Но, истовремено и етимологијата како наука не го познава овој збор. Џоломарите од овој етнички предел заедно со цврстите закони на маскирањето, во кое нема импровизации, се е во својата изворна форма со векови и ништо не смее да се менува, нагласува етнологот Крстевски од Музејот во Кавадарци.
Ново на Сител
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви
-
Преглед на вестите од светот
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
ДУИ за видеото на Ахмети во униформа на УЧК - Тоа е неговата биографија
-
Тошковски за видеото на Ахмети - Неуспешен обид за дефокусирање од криминалите