-->
-->
„Џип“ прегазил велосипедист во Тетово, возачот побегнал од местото на несреќата
-->
На 22.07.2024 во 11.20 часот во СВР Тетово, Џ.М.(44) од с.Џепчиште, Тетовско, пријавил дека на 20.07.2024 во 11.20 часот на кружен тек помеѓу ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „џип“ со швајцарски национални ознаки удрило во велосипед, управуван од неговиот татко З.М.(67) од с.Џепчиште, по што го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово, по што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. По насоки на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчитување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ на Осмомартовски марш
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна