Џими Кимел четврти пат водител на „Оскарите“
Комичарот Џими Кимел четврти пат ќе биде домаќин на Доделеувањето „Оскари“, објавија вчера организаторите на најпрестижната свеченост во Холивуд.
- Отсекогаш сум сонувал четири пати да бидам домаќин на „Оскарите“!, се пошегува 56-годишниот американски глумец и водител на „Шоуто на Џими Кимел“.
Тој беше водител во 2017., 2018. и оваа 2023 година. Следното, 96-то доделување ќе се одржи на 10 март 2024 година.
„Џими се етаблира како еден од најголемите водители на 'Оскарите' на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор“, изјавија извршните продуценти на годишната манифестација, Раџ Капур и Кети Мулан, поздравувајќи ја веста.
Оскарите веќе неколку години имаат ниска гледаност, а еден од начините да се врати преносот „во златното доба“, кога го гледаа 50 милиони гледачи - е лице како Кимел, сметаат одговорните.
Овојпат доделувањето на престижната филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечниот застој поради штрајкот на сценаристите и глумците. Овој штрајк, каков што не е забележан од 1960 година, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и филмските работници, потпалени и од стрим-услугите, како и од новостите со вештачката интелигенција во индустријата.
Ново на Сител
-

Колапс на македонската економија ако не се одложи ЕЕС системот за превозниците
-

Тема на денот со Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ
-

Власта обезбеди 2/3 мнозинство за Сејф сити и омбудсманот без СДСМ и ДУИ
-

СДСМ бара враќање на членот 353 од кривичниот законик кои сами го укинаа, за ВМРО-ДПМНЕ ова е лицемерно
-

Филков: Случајот со заѕиданите 350 илјади евра кај судија е симбол на неказнивост
-

Стојановска: Кога ДУИ лаже ние ќе кажуваме вистини
-

Вработените во Пошта протестираа за плати, додека објектот во кој работат пропаѓа од сите страни
-

Обоистката Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана - директорот тврди се однесувала агресивно
